По 26 години се врати во клубот каде што ги имаше ѕвездените моменти

Некогашниот репрезентативец на Србија, односно Југославија, но и на Унгарија, Ненад Пуљезевиќ, се врати во Црвена Ѕвезда по 26 години.

Тој ќе му биде помошник на новиот тренер на „црвено-белите“, Марко Кривокапиќ, но ќе работи и со чуварите на мрежата.

Пуљезевиќ во два наврати стоеше на голот на Црвена Ѕвезда, најпрво од 1990 до 1994 година, а потоа и од 1996 до 1998 година, и имаше партии што му донесоа одлична кариера.

Во богатата кариера бранеше за Партизан, Колубара, Ловќен, а беше член и на ПИК Сегед, Хановер, Хутенберг, Кадетен Шафхаузен…

Во последните неколку сезони работеше како тренер на голмани во Катар, но сега реши да се врати во татковината.