Плоцк преку Целје до први шампионски бодови

Висла Плоцк ги освои првите бодови во Лигата на шампионите оваа сезона откако беше подобра од словенечкиот првак Целје. Во дуелот за избегнување на дното на табелата во група Б и освојување на први бодови, полските ракометари пред домашна публика славеа со 30-25 (17-11).

Полските вицепрваци уште од самиот почеток најавија доминација. Серијата од 4-0 гостите од Целје ја прекинаа дури на истекот на 10. минута. Разликата се одржуваше околу 5 голови, домаќините постојано ја имаа контролата над играта и по првото полувреме заработија предност од шест голови, 17-11.
Во вториот дел , домашниот состав ја одржуваше предноста околу шест голови, Висла беше во контрола на играта и нивното темпо не го промени ниту повредата на Житников во 40. минута. Осум минути подоцна Плоцк дојде до највисок капитал од осум голови, но гостите од Целје не дозволија да бидат целосно понижени. На пет минути до крај имаа шанса да се доближат до негатива од пет голови, но дури во 59 минута со одличен цепелин успеаа да дојдар до 30-25, резултат кој остана запишан и на крајот од натпреварот.

Давиџик ја предводеше листата стрелци со 8 голови, го следеа Краевски, Пироч и Житников со по 4 голови. Кај гостите од Словенија, Митја Јанц постигна 8 го следеше Мазеј со 5 погодоци.