Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 3 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Прилеп и по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар, Пролет, Куманово и „сино-белите“ од Автокоманда.
За МВП на колото ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.
Супер лига, плеј-оф/аут 3. коло, резултати:
ВАРДАР – ОХРИД 31-21
АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ 40-25
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-41
КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 31-29
РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 17-19
СТРУГА – ПРИЛЕП 25-31
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 3. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
Голман: Бојан Солев (Пролет) – Голманот запиша 14 одбрани и беше меѓу најдобрите против радовишани.
Лево крило: Димитар Димитриоси (Прилеп) – Левото крило беше најдобар стрелец со осум погодоци против Струга.
Лев бек: Омар Мамду Радван (Куманово) – Беше меѓу најдобрите во кумановскиот тим во победата над Еурофарм Пелистер 2.
Среден бек: Алем Хаџиќ (Еурофарм Пелистер) – Босанскиот репрезентативец беше меѓу лидерите на шампионот на мечот кај Бутел Скопје.
Десен бек: Урош Митровиќ (Вардар) – Српскиот десен бек даде шест гола во победата над Охрид што ги доближи вардарци уште поблиску до титулата.
Десно крило: Ненад Костески (Алкалоид) – Десното крило беше меѓу најдобрите во триумфот над Тиквеш.
Пивот: Томислав Квастек (Прилеп) – Кружниот напаѓач од Хрватска одигра одлично на гостувањето кај Струга.























