Ракометна Битола е обединета и така ќе чекори и во иднина. По одлуката на советот на Општина Битола, со која беше изгласано продолжувањето на „Платформата за ракометна Битола“, беше потпишан договорот меѓу двата акционери, компанијата Еурофарм и Општина Битола.
Претседателот Зоран Стерјев во името на клубот и мнозинскиот акционер и градоначаникот на Општина Битола, Тони Коњановски го потпишаа договорот, со кој платформата доби важност до септември 2026 година.
“Со оваа конструкција, со поддршката која клубот ја чувствува од својот град и опкружувањето, убедени сме дека Еурофарм Пелистер уште повеќе ќе расте, ќе ги реализира зацртаните цели и ќе ги прави битолчани горди како и досега”, се вели во соопштението на битолчани.
Еурофарм Пелистер утре стартува со настап на турнирот во Добоj, потоа следува Супер Куп натпреварот, пред стартот на Супер лигата и Лигата на шампионите.