Женската пионерска репрезентација загуби во последниот натпревар од групната фаза на Медитеранското првенство во Приштина од Хрватска со 27-8.
Нашите најмлади ракометарки ги загубија трите периоди со 6-1, 11-3, 10-4 и по овој пораз го освоија петтото место во групата Б со 7 бодови.
Тоа значи пресметка со петтопласираната екипата од група А, Косово, во битка за 9 место во вкупниот пласман.
Натпреварот меѓу Македонија и домаќинот Косово е на програмата во текот на утрешниот ден од 12:00 часот.


























