Пионерките загубија на пенали од Косово и завршија на 10 место

Женската пионерска репрезентација на Македонија го заврши настапот на Медитеранското првенство на 10 место, откако загубија од Косово со 16-14 по изведувањето на пеналите.

Првиот дел го добија домаќинките со 8-4, но потоа избраничките на Славиша Димитријески, возвратија во вториот и третиот период кои ги добија со 4-3 и 5-2.

Двете селекции имаа шанси да победат и во регуларниот дел но не ги искористија нападите, па мечот мораше да се решава на пенали.

Во пенал-серијата, Македонија погоди само еднаш и домаќинките заслужено прославија триумф.