Селекторот на женската пионерска репрезентација на Македонија, Славиша Димитријески, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за претстојниот собир.
Во рамките на ЕХФ неделата, Димитријески ќе ги собере пионерките на тридневни тренинзи од 8 декември.
Овој собир ќе биде искористен како дел од подготовките за настапот на оваа генерација ракометарки на Медитеранските игри.
Ова натпреварување ќе се одржи во Приштина, Косово, во месец февруари наредната година.
Собирот на пионерките е на 8 декември од 08:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

























