Тимот на Ѓорче Петров стана шампион во женска пионерска конкуренција, откако во финалето го совлада составот на Металург со убедливи 30-19.
Mладите „лавици“ на Александар Царчев, сезоната ја завршија со стил – без ниту еден пораз на 20 натпревари, 16 победи во регуларниот дел, две во четвртфиналето и две на завршниот турнир.
Во првото полуфинале, Ѓорче Петров ја совлада Струга со 18-13. Во вториот меч кој беше многу интересен, екипата на Металург, го елиминира составот на Астибо, откако славеше со 21-19.
Во битката за третото место, „амазонките“ од Штип го совладаа составот на Струга со 20-18 и ја освоија бронзата на Ф4.