ПИОНЕРКИ: Металург Автокоманда на врвот, Вардар и Ѓорче Петров држат чекор

Со шест натпревари се комплетира 8 коло во пионерската женска лига, а Металург Автокоманда и натаму останува на врвот.

Лидерот славеше убедливо кај Охрид предводен од Магдалена Костадиновска со осум и Деана Величковска со седум погодоци. Второпласираните Ѓорче Петров и Вардар исто така беа убедливи. „Лавиците“ славеа со 33-9 против Кале Кичево, а по седум голови во победата дадоа Теа Петрушевска, Клара Филимановски и Ивана Глогуновска, додека вардарки го надиграа Спартак.

Пејоска и Симоноска со по пет гола се погрижија за победа на Струга кај Шампион, додека Астибо предводен од Ана Марија Накова со девет гола беше подобар од Чаир.

Муслиу и Абдулаи комбинираа 11 гола од 14 на Јехона во минималниот триумф над Илинден Вардар, но тимот од Гостивар водеше со 14-9 во финишот, а гостинките само го ублажија поразот.

Пионерки, 8 коло:

Шампион – Струга 8-15
Ѓорче Петров – Кале Кичево 33-9
Вардар – Спартак 21-12
Јехона – Илинден Вардар 14-13
Охрид – Металург Автокоманда 7-27
Астибо – Чаир 18-15

Табела: 1.Металург Автокоманда 16, 2.Ѓорче Петров 14, 3.Астибо 14…