ПИОНЕРКИ: Ѓорче Петров водеше 36 минути – на крај победи Металург Автокоманда

Ана Стојанова со два гола по ред му донесе триумф на Металург Автокоманда во градското дерби со Ѓорче Петров, 22-20. Гостите водеа се до 36 минута, на моменти на средбата и со „3 и 4 гола“, но кога се решаваше победникот немаа сила да го задржат резултатот кој им носеше бодови.

Со двата бода екипата од Автокоманда сега е лидер на табелата. Металург Автокоманда првпат го израмни резултатот во 35 минута, а потоа уште еднаш во 37 минута. Потоа со два гола по ред стана и победник.

Ана Стојанова и Лана Алтанова постигнаа по седум гола, за Металург Автокоманда, а Клара Филимановски со и Деспина Станковска со 6 беа најпрецизни кај Ѓорче Петров.

Катарина Ракиќ „сама го победи“ Кале бидејќи постигна 11 гола за прв триумф на Спартак, 17-12 на средбата со Кале Кичево. Скопјани веќе имаат три бода на табелата. Новакот во лигата, тимот на Струга со 15-10 го победи Илиден Вардар.

РЕЗУЛТАТИ, 5. коло
Чаир – Вардар 13-19
Металург Автокоманда – Ѓорче Петров 22-20
Спартак – Кале 17-12
Охрид – Шампион 7-14
Илинден Вардар – Струга 10-15
Астибо – Јехона 20-15
ТАБЕЛА:
Металург Автокоманда 10 бода, Ѓорче Петров, Астибо и Вардар по 8 бода, Чар и Илинден Вардар по 6, Струга и Јехона по 4 бода, Шампион и Спартак по 3, Кале Кичево и Охрид без бодови.
СЛЕДНО КОЛО:
Шампион – Кале
Струга – Спартак
Ѓорче Петров – Илинден Вардар
Вардар – Металург Автокоманда
Јехона – Чаир
Охрид – Астибо