Три екипи од пионерската лига се сигурни учесници во полуфиналето, а останува борбата за последното место кое води кон борбата за медал. Во група А, на првите две места се Вардар и делчево Вардар, а Ѓорче Петров е убедливо прв во група Б. Тие веќе размислуваат за полуфиналето, а последниот учесник ќе се бара меѓу Стружанка, Пелистер и евентуално Металург.
Полуфиналето се игра по принципот А1-Б2 и А2 – Б1. Речиси сигурно е дека Ѓорче Петров и Вардар ќе бидат првопласирани, а другите ќе се борат за второто место.
Во дербито на група А, вардарки како гостински го победија Делчево Вардар со 25-23 (16-12) што „скопскиот вардар“ избега и се зацврсти на лидерското место на табелата. Гостинките водеа во текот на целиот меч, а Неда Јанева со 10 гола беше најдобра стрелец. Во второто полувреме Делчево Вардар се приближи на „минус 2“ (19-21, 20-22), но немаше сили за пресврт.
До крај на првенството остануваат уште 3 кола, но речиси се е познато во групата.
Во Б групата, сигурно е дека Ѓорче Петров ќе биде прв, и поинтересна борбата за второто место. Стружанка и Пелистер се конкуренти за тоа место, а од позадина може и Металург да им ги замрси сметките, иако ќе треба да се поклопат многу коцки во мозаикот.
Фаворитите победија ова коло, па следните мечеви ќе бидат решавачки. Во следното коло Металург е домаќин на Стружанка, по што ќе биде познато кои „математики“ се во игра до крај на првенството. Пелистер е домаќин на Ѓорче, па и тој меч е особено важен, повеќе за битолчанки.
Група А:
Делчево Вардар – Вардар 23-25
Металург Автокоманда – Кузман Вардар 19-18
Вечерва треба да играат Овче Поле и Астибо.
ТАБЕЛА: Вардар 27 бода, Делчево Вардар 21, Металург Автокоманда 12, Кузман Вардар 12, Астибо 9, Овче Поле 6, Младост без бодови.
Група Б:
Деспина – Пелистер 15-21
Лихнид – Ѓорче Петров 8-29
Младост јуниори – Металург 17-24
Стружанка – Чаир 23-17
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 30 бода, Стружанка 25 (+1 меч), Пелистер 22, Металург 18, Чаир 12, Деспина 12, Младост Јуниори 2 (+ 1 меч), Лихнид без бодови.