ПИОНЕРКИ: Фаворитките без проблеми до бодови

Сите фаворити во 7. коло на женската пионерска лига победија и ги задржаа позициите на табелата. Тимот од Автокоманда, Металург останува на лидерското место со максимален број бодови, 14 и со најдобра одбрана – примени само 81 гола (просек 11,5 по натпревар) и со најдобра гол разлика (+101 гол).

„Сините“ немаа проблеми на мечот со Јехона што го добија со 30-10. Гостинките дадоа само по пет гола во секое полувреме, а повеќе од половина од головите беа на Монера Муслију (6 гола). Кај домашните по пет гола дадоа Ана Стојанова и Евгенија Смиљковска.

Нерамноправен беше и двобојот на Спартак и Ѓорче Петров, што гостинките го добија со 35-10. Иако настапуваат со генерација која е помлада, сепак дадоа 10 гола, а Катарина Ракиќ со 4 беше најпрецизна во тимот на Спартак.
Кај гостинките, Ѓорче Петров најпрецизна беше Ивана Глогуновска со , а Јана Мијоска, Клара Филимановски и Теа Петрушевска дадоа по 6 гола.

Новиот тим, Струга на гостувањето во Кичево уште на полувреме имаше предност, 13-5 со што го најави триумфот. Иако второто полувреме го добиа Кале, сепак осумте гола од првиот дел беа решавачки. Кај победничкиот тим пет гола даде Елена Ѓонеска, а кај домашните Марија Симјаноска постигна 4 гола.

РЕЗУЛТАТ- 7 КОЛО
Астибо – Шампион 21-7
Металург Автокоманда – Јехона 30-10
Спартак – Ѓорче Петров 10-35
Кале Кичево – Струга 12-19
Илинде Вардар – Вардар 12-18
Чаир – Охрид 21-13

ТАБЕЛА: Металург Автокоманда 14, Ѓорче Петров и Астибо по 12, Вардар и Чаир по 10, Струга 8, Илинен Вардар 6, Шампион 5, Јехона 4, Спартак 3, Кале Киќево и Охрид без бодови

СЛЕДЕН МЕЧ
Шампион – Струга
Ѓорче Петров – Кале Кичево
Вардар – Спартак
Јехона – Илинден Вардар
Охрид – Металург
Астибо – Чаир