Со шест натпревари изминатите неколку денови беше комплетирано 9 коло во пионерската женска лига.
Сите фаворити одиграа според планот – Металург Автокоманда кој е лидер славеше против Астибо убедливо, а на теренот доминираа Лана Алтанова со шест и Деана Величковска со пет гола.
Ѓорче Петров исто така славеше според очекувањата, на гости кај Струга со 22-14, а предводнички во тимот на Александар Царчев беа Ивана Глогуновска и Деспина Станковска со по шест погодоци.
Вардарки немаа проблеми на гостувањето кај Кале Кичево, како и Јехона кај Спартак. Лидер на гостиварчанки беше Бленда Абдулаи со девет погодоци.
Јована Костова и Андреа Велковска дадоа седум, односно пет гола во триумфот на Илинден Вардар над Охрид, за кој Исидора Маџар имаше седум реализации. Чаир во меч со само 18 голови беше подобар од Шампион.
Пионерки, 9 коло, резултати:
Кале Кичево – Вардар 7-19
Металург Автокоманда – Астибо 25-13
Спартак – Јехона 16-23
Илинден Вардар – Охрид 20-14
Струга – Ѓорче Петров 14-22
Чаир – Шампион 11-7
Табела: 1. Металург Автокоманда 18, 2. Ѓорче Петров 16, 3. Астибо 14, 4. Вардар 14…
























