ПИОНЕРКИ: Фаворитите со сигурни победи

Во 6. коло на женската пионерска лига само две екипи остварија гостински победи, меѓу кои и на лидерот Металург Автокоманда кај Вардар, и второпласираниот Астибо на гостувањето во Охрид. Во Топ-3 екипите влегува и Ѓорче Петров чии ракометарки беа подобри од Илинден Вардар.

Резултатски најинтересно беше во Гостивар каде гостите од Чаир победија минимално, 16-15 и клучно беше второто полувреме во кое беше направена разликата за победа. Домашните имаа водство од 6-2 во 11 минута, а потоа се се смени. Гостите имаа серија од 5-0 со која го презедоа водството, 7-6, а Ера Руфати со гол во последните секунди израмни на 7-7 на полувреме.
Во вториот дел до 30 минута беше израмнето, а потоа гостинките повторно имаа серија со која зголемија на 15-11 во 36 минута. За две минути домашните направија серија од 3-0, но само за да намалат на 15-16.
Ерина Исмаили со 6 и Лилја Кајани со 4 беа најпрецизни кај Чаир, додека во домашниот тим 6 гола даде Монера Муслију.

Актуелниот лидер на табелата Металург го „реши Вардар“ во првото полувреме што го доби со 12-7. Потоа беше само рутина, иако и во второто имаа предност, од четири гола. На крај високи девет гола за победа 21-12. Мина Ѓурчевска со 4 и Матеа Спасовсл, Лана Алтанова и Евгенија Смиљковска сите со по три гола бе анајефикасникај Металург Автокоманда, додека Варвара Атанасовска даде 5 гола за Вардар.

Најубедлива победа оствари Астибо как гостувањето кај дебитантот Охрид, 30-15. Марија Анчева ги предводи штипјанки, а Ана Марија Накова со 11 гола беше најпрецизна кај Астибо, заедно со Мелани Неделкова. Кај домашните по пет гола дадоа Исидора Маџар и Ања Симоноска.

Ѓорчепетровки лесно се справија со Илинден Вардар, а Клара Филимановски даде десет гола за „лавиците“ кои победија со 25-12. Андреа Велковска даде 7 гола за Илиден Вардар.

Спартак загуби во Струга со 16-26, а кај гостинките повторно најефиканса беше Катарина Ракиќ со 8 гола. Домашните ги имаа расположените Леа Пејоска (7) и Елена Ѓонеска и Калина Симоноска со по 6 гола.

Пионерки, 6 коло
РЕЗУЛТАТИ
Шампион – Кале Кичево 17-13
Вардар – Металуг Автокоманда 12-21
Ѓорче Петров – Илинден Вардар 25-12
Јехона – Чаир 15-16
Охрид – Астибо 15-30
Струга – Спартак 26-16

ТАБЕЛА
Металург Автокоманда 12 бода, Ѓорче Петров и Астибо по 10, Вардар и Чаир по 8, Струга и Илинден Вардар по 6, Шампион 5, Јехона 4, Спартак 3, Кале Кичево и Охрид без бодови.

СЛЕДНО КОЛО
Астибо – Шампион
Чаир – Охрид
Металург А. – Јехона
Илинден Вардар – Вардар
Спартак – Ѓорче Петров
Кале Кичево – Струга