Пионерите на Вардар беа предвесници на триумфот на сениорскиот тим, откако „црвено-црните“ во саботата со 23-14 го декласираа тимот на Еурофарм Пелистер во Битола. Следнот ден и сениорскиот тим на Вардар триумфираше во Супер лигата.
Гостите поведоа со 11-0 во 14 минута што беше најава не само за победа, туку и за убедлив триумф.
Со новиот триумф Вардар сега е на чекор до превземање на третото место на табелата во Група А, и заостанува само 1 бод во однос на Струга.
Дербито на колото се играше во Струга каде во градскиот дуел тимот на ДИНГ ја победи Струга со 15-11. Сега „помладиот тим“ покрај езерото се приближува кон првата четврока и место што води во четвртфиналето. Дали се кадарни за тоа ќе покаже следното коло кога гостуваат во Скопје кај Вардар.
Највисок трумф оствари тимот на Еурофарм Пелстер 2 на гостувањето кај Шампион, 53-3 и битолчани остануваат единствен тим без пораз и загубен бод сезонава во пионерската лига.
До крај на регуларниот дел од сезоната остануваат уште 6 коло, и првите четири екипи од двете групи ќе разигруваат во четвртфиналето по принзипот А1-Б4, А2 – Б3, А3 – Б2 и А4 – Б1. Победниците ќе с епласираат на Ф4 турнирот што е планиран за средината на мај.

РЕЗУЛТАТИ – 12 коло
Група А
Прилеп – Охрид 15-19
Еурофарм Пелистер – Вардар 14-23
Мулти Есенс – Пролет 27-15
Динг – Струга 15-11
Табела – Група А
Охрид 20, Мулти Есенс 18, Струга 15, Вардар 14, Динг 10, Пролет 9, Прилеп 6 Еурофарм Пелистер 4, Бутел без бодови.
Следно коло:
Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс
Вардар – Динг
Струга – Бутел
Охрид – Пролет
РЕЗУЛТАТИ – 12 коло
Група Б
Шампион – Еурофарм Пелистер 3-53
Тиквеш – Алкалоид 25-25
Гемиџии – Македонија ЃП 19-17
Куманово – Радовиш 20-9
Табела – Група Б
Еурофарм Пелистер 2 – 22 бода, Алкалоид 17, Куманово 17, Тиквеш 13, Македонија ЃП 10, Младот 7, Гемиџии 5, Радовиш 5, Шампион без бодови.
Следно коло
Младост – Гемиџии
Алкалоид – Шампион
Еурофарм Пелистер 2 – Куманово
Радовиш – Македонија ЃП
























