Изминатите неколку дена се комплетираше 6. коло од пионерската лига во машка конкуренција, каде беа одиграни голем број натпревари.
Во група А, Охрид лесно се справи со Мулти Есенс, со 38-5. Најефикасни кај Охрид беа Таше Јанчески со осум гола и Христијан Пупунцоски со седум гола. Асови Вардар го наполни голот на Јуниор Кисела Вода со 47-10. Најдобар кај Асови Вардар беше Антонио Савески со 13 гола.
Голден Арт се врати со цел плен против Еурофарм Пелистер 2 (22-16). Најефкасен кај Голден Арт, Марин Деспотовски со пет гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасни беа Лука Кочанов, Андреј Дамчевски и Бојан Бојчевски со по четири гола.
Динг сигурен кај Вардар со резултат 23-16. Најдобар стрелец кај Динг беше Готфрит Стефановиќ со 11 гола, додека кај Вардар најдобар стрелец беше Никола Атанасовски со осум гола.
Во група Б, Голден Арт Аеродром направи сефте против Вардар Неготино, откако славеше со 25-24. Најефикасни кај Голден Арт Аеродром беа Мартин Ташуров и Стефан Вапски со по шест гола, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Јован Јовановски со осум гола.
Прилеп победнички против Илинден Вардар со 19-13. Најдобар кај Прилеп беше Марио Столески со пет гола, додека кај Илинден Вардар најдобар беше Милан Стојевски исто така со пет гола.
Еурофарм Пелистер славеше против Скопје со конечни 23-16. Најефикасен кај битолскиот тим беше Архангел Трсунов со седум гола, додека кај скопскиот тим најефикасен беше Петре Петровски со осум гола. Тиквеш освои три бода против Младост Јуниори, откако славеше сигурна победа со 18-10.
Во група В, Куманово продолжува со победите овој пат настрада Бисинов со 23-19. Најефикасен кај Куманово беше Христијан Вујичевски со шест гола, додека кај Бисинов најефикасен беше Филип Велковски со шест гола.
Аеродром беше убедлив против Радовиш со 29-15. Предводник во победата на Аеродром беше Михаел Арсиќ со седум гола, додека кај Радовиш предводници беа Стефан Трајанов и Давид Димов со по пет гола.
Пролет славеше против Астраион со минимални 16-15. Кај Пролет, Марко Ангелов имаше девет гола, додека кај Астраион, Илија Кавазов и Тиме Ѓеоргиев со по пет гола.
Македонија Ѓорче Петров забележа победа против Текстилец со конечни 22-20. Најдобар стрелец кај Македонија Ѓорче Петров беше Никола Кузевски со седум гола, додека кај Текстилец најдобар беше Мартин Стефанов со 12 гола.
КЛ7 Свети Николе доминираше на теренот против Бутел Скопје (32-8). Најефикасин кај тимот од Свети Николе беа Теофил Јанев и Дамјан Стојманов со осум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Алек Поп Ѓорѓиев со пет гола.
Пионери, 6. коло, резултати:
Група А
Јуниор Кисела Вода – Асови Вардар 10-47
Охрид – Мулти Есенс 38-5
Вардар – Динг 16-23
Голден Арт – Еурофарм Пелистер 2 22-16
Струга слоб.
Група Б
Илинден Вардар – Прилеп 13-19
Тиквеш – Младост Јуниори 18-10
Голден Арт Аеродром – Вардар Неготино 25-24
Скопје – Еурофарм Пелистер 16-24
Алкалоид слоб.
Група В
КЛ7 Свети Николе – Бутел Скопје 32-8
Куманово – Бисинов 23-19
Пролет – Астраион 16-15
Македонија Ѓорче Петров – Текстилец 22-20
Радовиш – Аеродром 15-29