На половина од полусезоната дел од пионерските тимови кои имаат амбиција да играат за Ф4 и да стигнат прво до четвртфиналето веќе тоа го покажуваат на терен. Четири екипи имам максимален учинот, без пораз а од осумте слободни места кои водат до разигрувањето за Ф4, веќе шест екипи направи сериозен чекор, и бодовна разлика во своите групи.
Во А групата веројатно до самиот крај ќе биде неизвесно бидејќи разликата меѓу првиот и четвртопласираниот на табелата се само два бода. Четирите тимови кои најверојатно ќе играат во четвртфиналето се: Струга, Охрид, Мулти Есенс и Вардар. Двете екипи кои доаѓаат од брегот на Охридското Езеро се единствени без пораз во А групата. Во ова коло слободен беше Охрид.
Драматичен до последен момент беше дуелот меѓу Пролет и Струга што гостите го добија со 23-22. Благодарение на 13-те гола на Војо Клењоски, стружани држеа резултатска рамнотежа. Тој во вториот дел од 12 гола на тимот даде 8, и имаше серија од 7 гола по ред.
Пролет само петпати успеа да го израмни резултатот, двапати во првиот дел и трипати во вториот. Драмата се одвиваше во последната минута,гостите водеа со 23-22 и има напад, но топката заврши во стативата. Домашните имаа 17 секунди за напад и за гол за реми, но немаше вистински шут за гол, па стружани се радува ана триумфот.
Освен Клењоски со 13 гола, кај Струга по три дадоа и Давор Ферукоски и Марко Танаскоски.Кај домаќините Јован Трајковс со 7 и Мартин Стојановски со 6 беа најефикасни.
Вардар победи на гостувањето во Прилеп, но дури во последната минута го завери триумфот од 20-17. Претходно во 34 минута „црвено-црните“ водеа со 18-15 и му дозволија на противникот да дојде на 18-17, а прилепчани промачија и седмерец. Во најголем дел Вардар водеше. Никола Никчевиќ со 7 гола беше најпрецизен кај Вардар, додека во домашниот тим Бојан Наскоски даде гола.
Во Б групата фаворитите имаа лесна задача и победија. Тиквеш на гостувањето во Велес кај Гемиџии ко имаше расположениот Марио Ѓорѓиев кој постигна 13 гола (3 од пенал) од вкупно 20 на неговиот тим. Симултанката што ја одигра младиот Марио му донесе бодови н атимот за задржување на шансите за место кое води во четвртфиналето. Ова е втор триумф за Тиквеше по ред откако во минатото коло триумфираше против Младост исто така на гости.
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер 2 се „прошета“ низ Радовиш и победи со 33-12. Кај домашните самодвајца играчи се запишаа во листата на стрелците, Давид Ѓорѓиев со 7 и Благоја Митевс со 5 гола. Кај гостите дури 13 играчи постигна аголови, а Даниел Христовски со 6, и Иван Колеќески и Мател Мачковски со по 4 беа најпрецизни.
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
Мулти Есенс – Динг 27-23
Пролет – Струга 22-23
Прилеп – Вардар 17-20
Бутел – Еурофарм Пелистер неодиграно
ТАБЕЛА
Струга 11 бода, Охрид и Мулти Есенс по 10, Вардар 9 бода, Прилеп, Динг и Пролет по 2, Еурофарм Пелистер (-1 меч) и Бутел (-1 меч) без бодови
СЛЕДНО КОЛО
Струга – Охрид
Вардар – Пролет
Еурофарм Плеистер – Прилеп
Динг – Бутел
ГРУПА Б
Македонија ЃП – Алкалоид 21-32
Шампион – Младост 10-37
Гемиџии – Тиквеш 18-20
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 12-33
ТАБЕЛА
Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2 по 10 бода, Куманово, Тиквеш и Македонија ЃП по 6 бода, Младост 4, Радовиш 3, Гемиџии 1 бод и Шампион без бодови.
СЛЕДНО КОЛО
Еурофарм Пелистер 2 – Гемиџии
Алкалоид – Радовиш
Младост – Куманово
Тиквеш – Шампион

























