Изминатите деновиве се комплетираше 9. коло од машката пионерската лига и заврши есенскиот дел.
Во група А, лидерот Охрид со победа ја заврши полусезоната, откако славеше кај Еурофарм Пелистер 2 со 33-22. Најефикасен кај Охрид беше Тане Јанески со 10 гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасни беа Андреј Дамчевски и Андреј Даевски со по шест гола.
Динг убедлив против Мулти Есенс со 28-8. Најдобар стрелец кај Динг беше Готфрит Стефановиќ со 14 гола. Струга тримфираше против Јуниор Кисела Вода со 52-5. Најефикасен кај Струга беше Давор Ферукоски со 12 гола.
Голден Арт забележа лесна победа против Вардар со 34-14. Најефикасен кај Голден Арт беше Бојан Црцаревски со девет гола, додека кај Вардар се истакна Никола Атанасовски со осум гола.
Во група А, лидер е Охрид со 24 бода, на второто место е Струга со 19 бода, на трето место е Голден Арт со 19 бода, потоа следуваат Еурофарм Пелистер 2 со 16 бода, Динг со 12, Мулти Есенс со 9, Вардар со 6, Асови Вардар со 3 и Јуниор Кисела Вода без бодови.
Во група Б, реми меѓу Прилеп и Тиквеш со 14-14. Најефикасен кај Прилеп беше Марио Столески со четири гола, додека кај Тиквеш најефикасни беа Мартин Тодоров и Иван Ѓорѓиев со по шест гола.
Младост Јуниори победнички против Вардар Неготино со резултат 26-22. Најефикасен кај Младост Јуниори беше Христијан Антоновски со седум гола, додека кај Вардар Неготино се истакна Јован Јовановски со 10 гола.
Алкалоид ги освои бодовите против Скопје, откако триумфираше со 30-24. Најефикасен кај Алкалоид беше Дамјан Богоевски со осум гола, додека кај Скопје најефикасен беше Петре Петровски со шест гола.
Илинден Вардар беше убедлив против Голден Арт Аеродром со 19-6. Најефикасни кај Илинден Вардар беа Матеј Златановски и Андреј Спасовски со по три гола, кај Голден Арт Аеродром најефикасен беше Лука Јакимовски со два гола.
Во група Б, лидер е Еурофарм Пелистер со 24 бода, на второто место е Алкалоид со 21 бод, на трето место е Скопје 18, потоа следуваат Тиквеш и Прилеп со 13 бода, Младост Јуниори со 9 бода, Илинден Вардар со 6, Голден Арт Аеродром со 3 и Вардар Неготино со 0.
Во група В, Куманово забележа победа против Бутел Скопје со 29-16. Најефикасен кај Куманово беше Андреј Арсовски со шест гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Максим Конески со осум гола.
Македонија Ѓорче Петров триумфално против Радовиш со 30-23. Најефикасен кај победничкиот тим беше Никола Кузевски со девет гола, додека кај Радовиш најдобар стрелец беше Давид Ѓорѓиев со осум гола.
Бисинов со висока победа против КЛ7 Свети Николе со 33-12. Најефикасен кај Бисинов беше Андреј Зафиров со 11 погодоци, додека кај КЛ7 Свети Николе најефикасни беа Теофил Јанев, Дамјан Стојманов и Андреј Игњатов со по три погодоци.
Текстилец сигурен против Астраион со 25-8. Мартин Стефанов беше најефикасен кај штипскиот тим со девет гола, додека кај Астраион, Илија Кавазов со пет гола. Аеродром беше подобар од Пролет со 24-14. Најефикасен кај Аеродром беше Стефан Ристоски со шест гола, додека кај Пролет најефикасен беше Матеј Георѓиевски со пет гола
Во група В, Куманово е лидер со 27 бода, на второто место е Аеродром со 24, на трето место е Бисинов со 21 бод, потоа следуваат Македонија Ѓорче Петров со 18 бода, Пролет со 15, Текстилец со 12 бода, КЛ7 Свети Николе со 9 бода, Астраион со 6, Радовиш со 3 и Бутел Скопје со 0 бодови.
Пионери, 9. коло, резултати:
Група А
Динг – Мулти Есенс 28-8
Струга – Јуниор Кисела Вода 52-5
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 22-33
Голден Арт – Вардар 34-14
Асови Вардар слоб.
Група Б
Прилеп – Тиквеш 14-14
Вардар Неготино – Младост Јуниори 22-26
Алкалоид – Скопје 30-24
Илинден Вардар – Голден Арт Аеродром 19-6
Еурофарм Пелистер слоб.
Група В
Бутел Скопје – Куманово 16-29
Аеродром – Пролет 24-14
Бисинов – КЛ7 Свети Николе 33-12
Радовиш – Македонија Ѓорче Петров 23-30
Текстилец – Астраион 25-8