ПИОНЕРИ: Охрид и Еурофарм Пелистер 2 остануваат без пораз

Двете екипи кои лани играа во финалето на Ф4 турнирот во пионерска конкуренција, Охрид и Еурофарм Пелистер 2 по 7. коло остануваат без пораз и сезонава, и со максимален број на бодови. Во А групата веќе се издвоени екипите кои ќе се борат за едно од четирите места кои водат во четврт-финалето, а во Б групата има повеќе кандидати за двете „слободни“ места кои треба да водат во Топ-8.

Најголемото изненадување на колото е ремито меѓу Вардар и Пролет, 20-20. „Црвено-црните“ беа фаворити, но на овој меч ништо не им одеше од рака, и тимот од населбата Пролет заслужено освои бод, иако и победа немаше да биде незаслужена. Домашните има аводство 1-0, и потоа во 37 минута повторно, 19-18. На крај постигнаа гол за израмнување.
За разлика од Вардар каде десет ракометари се запишаа во листата на стрелци,а најефикасен беше Никчевиќ со 6, кај гостите сите голови ги дадоа четири ракометари, меѓу кои Мартин Стојановски постигна 10 гола.

Ланскиот МВП, Илија Трајчески со 8 гола го предводеше Охрид во триумфот над соседите од Струга, 19-13. Уште на полувреме беше јасно кој ќе победи бидејќи охриѓани водеа со 11-6. Во тимот на Струга, 5 гола даде Војо Клењоски.

Во Б групата, во моментов дури четири екипи се борат за едно од двете места кои водат во четврт-финале: Тиквеш, Куманово, Македонија ЃП и Младост.
Куманово освои бод во Богданци, а можеше и да победи. Во последната минута Куманово поведе со 20-19, а потоа не успеа да се одбрани и домаќините преку Митев израмнија. Во првото полувреме Младост имаше предност од 4-5 гола, но на одмор се замина со резултат 10-10.

А ГРУПА
РЕЗУЛТАТИ – 7 КОЛО
Еурофарм Пелистер – Прилеп 22-20
Струга – Охрид 13-19
Вардар – Пролет 20-20
Динг – Бутел 24-9
ТАБЕЛА: Охрид 12 бода, Струга 11, Мулти Есенс и Вардар по 10, Динг и Еурофарм Пелистер по 4, Пролет 3, Прилеп 2, Бутел без бодови
СЛЕДНО КОЛО:
Мулти Есенс – Бутел
Прилеп – Динг
Пролет – Еурофарм Пелистер
Охрид – Вардар

Б ГРУПА
РЕЗУЛТАТИ – 7 КОЛО
Младост – МРК Куманово 20-20
Еурофарм Пелистер 2 – Гемиџии 25-11
Тиквеш – Шампион 27-4
Алкалоид – Радовиш 34-13
ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 2 14 бода, Алкалоид 12, Тиквеш 8, МРК Куманово 7, Македонија ЃП 6, Младост 5, Радовиш 3, Гемиџии 1, Шампион без бодови
СЛЕДНО КОЛО:
Гемиџии – шампион
МРК Куманово – Тиквеш
Македонија ЃП – Младост
еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид