Викендов се комплетираше 3. коло од пионерската машка лига, каде имаше возбудливи натпревари, но и со високи и убедливи победи.
Во група А, тимот на Охрид го совлада Вардар со високи 48-8. Охрид и на пауза имаше предност од 22-3. Најефикасен беше Христијан Пупунцоски со 12 гола.
Во Голден Арт беше подобар од Мулти Есенс со убедливи 40-2. До полувремето Мулти Есенс остана со два постигнати голови. Кај Голден Арт најефикасен беше Борјан Црцаревски со седум гола.
Во група Б, Прилеп триумфираше против Вардар Неготино со 26-13. Прилеп беше предводен од Марио Столески кој постигна 11 погодоци, додека тимот на Тиквеш сигурен против Голден Арт Аеродром со високи 30-10. Тиквеш и на полувреме имаше висока предност од 19-6. Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Наумов со девет постигнати гола.
Во група В, тимот на Бисинов го остави Бутел Скопје да постигне само три гола, резултатот беше 35-3. Кај Бисинов најефикасни беа Огнен Кузманов, Филип Велковски и Антонио Коцев, сите тројца постигнаа по пет гола.
Пионери, 3. коло, резултати:
Група А
Асови Вардар – Струга 14-31
Мулти Есенс – Голден Арт 2-40
Динг – Еурофарм Пелистер 2 16-17
Охрид – Вардар 48-8
Јуниор Кисела Вода слоб.
Група Б
Еурофарм Пелистер – Алкалоид 22-19
Вардар Неготино – Прилеп 13-26
Тиквеш – Голден Арт Аеродром 30-10
Младост Јуниори – Илинден Вардар 16-10
Скопје слоб.
Група В
Бутел Скопје – Бисинов 3-35
Астраион – Радовиш 18-17
КЛ7 Свети Николе – Куманово 15-23
Пролет – Македонија Ѓорче Петров 17-24
Текстилец – Аеродром 16-32