Се комплетираше третото коло од пионерската машка лига со осумте одиграни натпревари, а Охрид, Куманово, Еурофарм Пелистер 2, како и двете екипи од Автокоманда се без пораз.
Војо Клењоски со шест гола ја водеше Струга до победа на градскиот двобој со Динг 13-8, а Илија Трајчески, кој беше МВП минатата сезона беше предводникот на Охрид со седум погодоци во мрежата на Прилеп за убедлив триумф. Вардар лесно се справи со Еурофарм Пелистер, исто како и „витамините“ од Автокоманда на гости кај Пролет.
Михаил Јовевски беше стрелец на десет гола за Еурофарм Пелистер 2, два повеќе од целиот тим на Шампион, додека Тиквеш и Радовиш постигнаа само по десет гола на дуелите со „сино-белите“ од Автокоманда и Куманово. Кај кумановци, Михаел Милановски беше најдобар стрелец со десет погодоци
Пионерите на Македонија Ѓорче Петров беа подобри од Гемиџии со 30-25. Победничката екипа беше предводена од Јаков Атанасовски со девет и Владимир Иванов со осум погодоци, а кај Гемиџии, најефикасни беа Симон Бобевски со осум и Петар Петровски со седум погодоци.
Пионери, 3 коло, резултати:
група А
Пролет – Мулти Есенс 16-28
Вардар – Еурофарм Пелистер 21-12
Охрид – Прилеп 27-19
Струга – Динг 13-8
група Б
Македонија Ѓорче Петров – Гемиџии 30-25
Еурофарм Пелистер 2 – Шампион 33-8
Алкалоид – Тиквеш 25-10
Радовиш – Куманово 10-27