Сезонава ќе има нов шампион во пионерска конкуренција, откако актуелниот Аеродорм загуби во полуфиналето од својот градски ривал Алкалоид, со 26-11 (8-6). Во финалето вечерва од 19,45 ќе играат домаќинот Охрид и тимот од Автокоманда.
„Домаќините„ овој меч го решија мечот во своја корист во второто полувреме кога направија висока предност, што противникот не можеше да ја следи. Серија од 6-1 со која поведа 14-7 беше клучлна за исходот. На крајот дури и висока победа, изразена со двоцифрена предност.
За разлика од вториот дел во кој целосно доминираше тимот предводен од Игор Илиески, во првото не беше така лесно, бидејќи имаше малку голови, а многу грешки и промашувања на двете страни. Аеродром „бркаше негатива“, но одигра многу послабо од очекуваното.
Ривалот имаше повеќе сила д аго издржи наметнатото темпо, и набрзина ги искористија своите минути кога се направи предност, што потоа им донесе и триумф и пласман во финалето.
Бобан Попоски и Дамјан Богоевски, со по 6 гола беа најпрецизни на натпреварот. Кај Аеродором најпрецизен беше Михаил Арсиќ со 4 гола.