Младите ракометари на Охрид се изборија за финале на Ф4 во пионерска конкуренција откако преку изведување пенали ја победија Струга со 26-23 (22-22, 10-10). Во крајно неизвесен меч, со многу пресврти на двете страни, на крајот посреќни беа домаќините.
Во финалето Охрид ќе го чека победникот од средбата меѓу Аеродорм и Алкалоид.
Домашниот голман Матеј Крстевски беше „џокерот“ на Охрид, бидејќи одбрани два седмерци во „пенал рулетот“ и им овозможи на своите соиграчи, преку реализација да се израдуваат на финалето. Тој ги бранеше само пеналите кои реашаа, а во текот н амечот меѓу стативите беше Бојан Крстевски.
Гостинските ракометари го имаа последниот напад, но не успеаја да го искористат, па 15-те секунди не им беа доволни за направат победничка акција. Претходно во последните минути од мечот Струга направи пресврт, па иако имаше негатива од 17-19 стигна до водство 21-20.
Охридските ракометари се справија со притисокот што го имаа на своите плеќи, бидејќи како домаќини важеа за фаворити. Но, не им беше лесно против соседите. Иако во текот на сезоната двапати ги победија, сега мораа малку да се помачат. Но, покажаа карактер, па и кога имаа негатива од 7-10 во првото полувреме, најдоа сили да се вратат во игра и на полувреме да имаат реми, 10-10.
Во вториот дел Охрид веќе ја презеде иницијативата и изгледаше дек алесно ќе го доведе мечот до крај во своја корист. Ама, драмата беше неизвежб, а радоста на крај поголема за „сините“.
Петар Николовски со 10 гола беше најефикасен кај домаќините, а Матео Силјаноски даде 6 гола. Во тимот на Струга, девет гол апостигна Стефан Ѓорѓиевски, а пет даде Матео Костески.