ПИОНЕРИ: Еурофарм Пелистер 2 и Охрид на максимум по осум кола

По комплетирањето на 8 коло, Охрид и Еурофарм Пелистер 2 се единствените екипи кои имаат 100% учинок во досегашниот тек од сезоната.

Во групата А, тимот на Прилеп се радуваше на втора победа, откако славеше над Динг со 19-15. Предводник на прилепчани беше Бојан Наскоски со десет гола, а кај Динг се истакнаа Матеј Ковачески и Петар Дуноски со по четири погодоци.

Убедливи победи против Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје запишаа Пролет и „витамините“ од Автокоманда, а актуелниот бранител на титулата, Охрид, немаше проблеми против Вардар.

Најмладите охриѓани славеа со убедливи 23-16, а лидери на теренот во тимот на Наум Бабачев беа Илија Трајчески со седум и Јован Спиркоски со шест погодоци. Кај Вардар, Никола Никчевиќ имаше седум гола.

Во групата Б, Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен беше подобар со 18-10 од „сино-белиот“ состав од Автокоманда. Андреј Китески со пет гола беше предводник на младите битолчани.

Иако беше 27-27 во финишот, Македонија Ѓорче прослави триумф над Младост Богданци со два гола по ред во последните моменти за 29-27. Димитар Трајковски беше предводник во победата на домаќините со 14 гола, а пет имаше Јаков Атанасовски. Матеј Митев имаше десет гола за тимот од Богднаци, а по шест пати погодија Лука Лукиќ, Даниел Милановски и Антонио Каракабаков.

Гемиџии го победи Шампион со 36-9 и се израдува на првата победа во дебитанската сезона, додека Куманово немаше проблеми и славеше против Тиквеш со 23-15.

Пионери, 8. коло, резултати:

Група А
Прилеп – Динг 19-15
Охрид – Вардар 23-16
Пролет – Еурофарм Пелистер 21-12
Мулти Есенс – Бутел Скопје 33-13

Табела: 1.Охрид 14, 2. Мулти Есенс 12, 3.Струга 11…

Група Б
Куманово – Тиквеш 23-15
Еурофарм Пелистер – Алкалоид 18-10
Македонија Ѓорче Петров – Младост Богданци 31-29
Гемиџии – Шампион 36-9

Табела: 1.Еурофарм Пелистер 2 16, 2.Алкалоид 12, 3.Куманово 9…