ПИОНЕРИ: Двајца играчи на Радовиш дадоа 24 гола и му донесоа реми на тимот

Само финалистите од Ф4 со максимален учинок, Охрид и Еурофарм Пелистер 2 со по пет победи

Актуелниот првак во пионерската лига Охрид, и финалистот на Ф4 турнирот, Еурофарм Пелистер 2 се единствените што имаат максимален учинок, пет победи од исто толку натпревари. Двете екипи ги имаат едни од најдобрите одбрани, а битолчани имаат примено само 59 гола на пет натпревари, наспротив 77 примени гола на Охрид.

Во А групата единствено екипата на Динг од Струга оствари гостинска победа, против Еурофарм Пелистер, 17-14. Горазд Ојлески со два гола по ред во последната минута од мечот ги репи сите дилеми околу победникот. Во 30 минута резултатот беше 12-12, а потоа гостите од Струга поведоа и не му дозволија на домаќинот да направи пресврт.
Во првото полувреме битолчани имаа водство, на моменти од два гола, но сепак на крајот од 20-те минути Динг заврши со предност 8-7. Горазд Ојлески постигна 7 гола за Динг, а кај домаќините три ракометари имаа по три гола: Шатков, Никодиноски и Шоповски.

Охрид предводен од МВП играчот Илија Трајчески кој даде 10 гола, го победи тимот на Мулти Есенс. Од последните четири гола на Охрид, три ги даде Трајчески кога охриѓани направија предност од 18-15 во 39 минута кога беа решени сите дилеми. Гостите во второто полувреме го израмнија резултатот, додека во првите 20 минути домашните имаа предност.

Во Б групата новакот Гемиџии од Велес беше пред триумф и први бодови, но да нема целосна радост на велешанаи, се погрижја Ѓорѓи и Давид Ѓоргиеви кои заедно постигнаа 24 од вкупно 26 гола за Радовиш. Само уште Стефан Јованов двапати погоди за Радовиш.
Гостите имаа предност од 26-23 во 39 минута. Не помогна ниту тајмауатот што го земаа гостите бидејќи „браќата“ постигнаа три гола за две минути и за реми. Во тимот на Гемиџии осум гола постигна Бојан Мартинов, а еден помалку Андеј Наумов.

ПИОНЕРСКА ЛИГА, 5. коло, резултати:
ГРУПА А
Вардар – Бутел Скопје 29-9
Струга – Прилеп 21-19
Охрид – Мулти Есенс 18-16
Еурофарм Пелистер – Динг 14-17
ТАБЕЛА:
Охрид 10 бода, Струга 9, Мулти Есенс 8, Вардар 7, Прилеп, Динг и Пролет по 2 бода, и Еурофарм Пелистер и Бутел без бодови.
СЛЕДНО КОЛО:
Мулти Есенс – Динг
Бутел – Еурофарм Пелистер
Прилеп – Вардар
Пролет – Струга

ГРУПА Б
Младост – Тиквеш 19-23
Радовиш – Гемиџии 26-26
Алкалоид – Куманово 22-15
Еурофарм Пелистер 2 – Македонија ЃП 27-17
ТАБЕЛА:
Еурофарм Пелистер 2 10 бода, Алкалоид , Куманово и Македонија ЃП по 6, Тиквеш 4, Радовиш 3, Младост 2, Гемиџии 1, Шампион без бодови.
СЛЕДНО КОЛО:
Гемиџии – Тиквеш
Шампион – Младост
Македонија ЃП – Алкалоид
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2