Пилиповиќ си оди од Охрид на лето – се враќа во Швајцарија

Хрватскиот голман со австриски пасош, Кристијан Пилиповиќ, на крајот од сезоната ќе си замине од Охрид и се враќа во Швајцарија.

Неговиот договор со „гладијаторите“ завршува на лето, нема да биде продолжен, па Пилиповиќ ќе се пресели во Криенс Луцерн.

Чуварот на мрежата потпиша договор на три сезони и ќе остане во Луцерн најмалку до 2029 година. Амбициозниот швајцарски клуб ги потпиша Никола Билик и Лукас Хербугер.

Oхриѓани веднаш најдоа замена за Пилиповиќ и го потпишаа хрватскиот репрезентативец Дино Славиќ до 2028 година.