Охрид славеше кај Олимпијакос со 31-25 во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп и се најде на чекор до нов историски успех на меѓународна сцена.
Еден од клучните ракометари во македонскиот состав беше хрватскиот чувар на мрежата Кристијан Пилиповиќ со 14 одбрани.
„Во овој меч влеговме машки. Не покажавме респект на нивните навивачи и на нивниот терен. Тоа е многу важно кога играте европски натпревар на гостински терен. Многу сум задоволен како го одигравме натпреварот и навистина можеме да бидеме горди. Но ништо не е готово. Ова е само прво полувреме. Олимпијакос е многу квалитетна екипа и сметам мора да бидеме на 120% и на реваншот за да можеме повторно да направиме позитивен резултат“, изјави Пилиповиќ.
Реваншот меѓу Олимпијакос и Охрид се игра на 4 април во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот.
Охрид победнички се враќа од Атина – се насмевнува полуфиналето на Купот на ЕХФ
🎥 Јаготка на шлагот: Атрактивен двоен цепелин за точка на триумфот на Охрид!

























