ПИК Сегед тешко, ама успеа да го победи Загреб

Хрватски Загреб беше блисkу до сензација, бидејќи имаше активен резултат се до 55 минута, по што за краток период домаќините направија „плус 4“ со кои „избегаа“ на 30-26, доволно за мирна завршница и триумф од 32-26. ПИК Сегед останува на 4 место на табелата во Б групата, со 10 бода.

Овој резултат му одговара на Еурофарм Пелистер бидејќи хрватскиот тим остана последен на табелата без бодови, а битолчани имаат 4, и се уште со теоретски шанси да стигнат до место во разигрувањето.

Во следното коло Еурофарм Пелистер гостува во Загреб, во меќ кој може да даде одговор на ова прашање. Она што би требало да го загрижува македонскиот првак е добрата игра на Загреб кој откако го смени тренерот, игра мног подобро.

Хрватите во првото полувреме само петпати усеаја да имаат водство од по еден гол, а во првите 15-тин аминути ПИК Сегед имаше неколкупати и предност од три гола. Од водство 8-5, гостите израмнија на 9-9, по што почна „клацкалката“ и играњето „гол за гол“. Ниту едне тим не успеваше да направи предност повеќе од еден гол, а на секое водство ривалот возвраќање, па и поведуваше.

Гостите останаа без Петар Топиќ во 52 минута поради трето исклучување, и резултат 25-25. Загреб играше со два играчи помалку, бидејќи претходно беше исклучен и Валчак. И покрај тоа дадоа гола,а домаќините брзо погодија за ново водство 27-26. Марин Јелиниќ во 54 минута погоди за водство 28-26, првпат со два гола во вториот дел, а гостите во контра не реализираа. За една минута ПИК Сегед даде два гола, со кои „избега“ на 30-26 во 56. минута по што тренерот Шоштариќ побара тајмауат, но со малку надеж дека може да с енаправи пресврт.

Потоа веќе беше доцна, зашто ПИК Сегед зголеми на 32-26 и можеше да почне со славјето.

Барселона останува на второто место во Б групата со 16 бод,а и со само еден пораз, веднаш за длидерот Магдебург. Шпанскиот неприкосновен првак е на добар пат да остане на позиција што му носи директен пласман во четвртфиналето на Лига на шампионите.
Поведоа Шпанците со 3-0, па и со 8-4 и 10-5, најавувајќи дека од Данска ќе се вратат со планираниот трумф. До крајот на првото полувреме предноста на Барселона се зголеми на максималните „плус 8“ за водство 18-10, иако на одмор се замина само со предност од седум гола, 21-14. Уште тогаш беше јасно кој ќе победи, но неизвеноста беше целосно отстранета во вториот дел кога гостите првпата направиј апредност од 30-16 а потоа и 31-17. Потоа го намалија темпото гостите, дозволувајќи му на ГОГ да дојде „под десет“ и во последните десет минути да се влезе со резултат 33-24.

Во следното коло Барселона е домаќин на ПСЃ, а ГОГ гостува во Полска, кај Висла Плоцк.