ПИК Сегед со моќна партија го сруши Загреб!

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед оствари значајна победа во Лигата на шампионите, откако како ретко кога убедливо славеше на гостински терен кај Загреб со 35-30.

Избраниците на Микаел Апелгрен уште по првиот дел го најавија победникот кога беше 19-12. Шоштариќ блескаше во нападот, а голманите на Загреб немаа свој ден, па ПИК Сегед комплетно го надигра ривал во првите триесетина минути.

Во второто полувреме Загреб заигра подобро, особено во одбраната и успеа во еден момент да намали на минус два, 23-21. Но следуваа две грешки, кои беа казнети од Шоштариќ и Гарсијандија, па гостите одново отидоа на плус пет и немаше време за нешто повеќе.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Шоштариќ со десет, Банхиди со пет и Род со четири гола, додека блескаше голманот Тулин со 12 интервенции. Во домашниот состав на Загреб, добри партии пружија Белјавски со осум и Кларица со седум голови.

Загреб сега ќе остане на последното место со два бода, додека ПИК Сегед има шест и ќе биде втор на табелата о групата Б.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107