Според информациите на „RTH Handball“, десниот бек на Веспрем и репрезентативец на Шведска, Лукас Сандел, најверојатно ќе заврши во редовите на ПИК Сегед, клуб во кој тренер е неговиот сонародник Микаел Апелгрен.
Во ракометните кулоари сѐ погласни се гласините дека ПИК Сегед ќе стане шведска колонија, тим во кој претежно ќе има ракометари од Шведска, но и од другите скандинавски земји, па така Сандел се вклопува во визијата на унгарскиот вицепрвак.
Сандел од минатата сезона е член на Веспрем, претходно го носеше дресот на Алборг, Елверум и Иштад. Ланската сезона беше стрелец на 42 погодоци во елитното европско натпреварување.
Во следната сезона во ПИК Сегед ќе пристигне искусниот Швеѓанец – Џим Готфридсон, а во екипата има уште двајца ракометари од Шведска, тоа се голманот Тобијас Тулин и левиот бек Вилијан Богојевиќ.