ПИК Сегед ја задржа легендата

Унгарскиот гигант ПИК Сегед го продолжи договорот со помошникот тренер и клупска легенда, Јонас Калман, кој ќе остане дел од стручниот штаб до летото 2028 година.

Како што соопшти клубот, Калман ќе продолжи да ја извршува функцијата асистент на главниот тренер Микаел Апелгрен, со кого соработува од неговото приклучување во тренерскиот тим.

Швеѓанецот има богата историја со ПИК Сегед, откако во 2014 година пристигна како играч, а со клубот освои две шампионски титули во Унгарија, еден национален Куп и трофеј во Купот на ЕХФ.

По заминувањето од Сегед, Челман во 2021 година се пресели во Бенфика, каде што ја продолжи својата кариера, пред да се пензионира во 2023 година. Веќе следната година се врати во ПИК, овојпат во тренерска улога.