ПИК Сегед храбро се бореше, но загуби од Барса, прв триумф за Магдебург во ЛШ

Со натпреварот меѓу Барселона – ПИК Сегед, односно Магдебург – Колштад, беше комплетирано 2. коло во Лигата на шампионите.

Каталонскиот гигант на свој терен ја оправда фаворитската улога против ПИК Сегед триумфирајќи со 31:30.

Унгарскиот вицепрвак, кој во првото коло го изненади Магдебург, во првото полувреме прими дури 20 гола, а даде осум помалку, односно 12.

Домаќините во завршниот период премногу се опуштија, водеа со 29:23 во 50 минута, тимот на ПИК Сегед намали на минус еден, 29:28, но за целосен камбек немаше многу време.

Најефикасен во домашниот табор беше Гомез со пет погодоци, кај гостите прво име беше Марио Шоштариќ со осум успешни реализации.

Барселона во следното коло ќе гостува во Полска кај Келце, додека ПИК Сегед на свој терен ќе го пречека Нант.

Поранешниот европски првак Магдебург ја запиша првата победа во ЛШ сезонава, откако триумфираше со против Колштад со 32:25 (18:9).

Магдебург доминираше во двете полувремина и не им дозволи на домаќините премногу простор за реализирање на задачата.

Лагергрен со осум погодоци беше предводник во нападот на гостите, во домашниот табор се истакна Оскарсон со пет погодоци.