ПИК Сегед донесе десен бек од Србија

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед донесе десен бек по повредата на норвешкиот репрезентативец Магнус Род.

Во Сегед до крајот на сезона ќе игра српскиот интернационалец Јовица Николиќ, пишува „Handball Basse“.

Николиќ имаше неуспешна авантура во тимот на Бурган од Кувајт, се врати во татковината и тренираше со поранешниот клуб Војводина, а сега најде нов ангажман.

ПИК Сегед на располагање на десната бековска позиција го има шпанскиот репрезентативец Иманол Гарсијандија.