Македонскиот интернационалец Дарио Петровски со победа го започна настапот во новиот интернационален предизвик.
Петровски, кој во новата сезона го носи дресот на босанскиот суперлигаш Коњух, заедно со неговиот тим во првото коло славеа против Горажде со 40:37.
Еден од погодоците на Петровски беше постигнат во финишот од дуелот кога екипата од Живинице започна да чекори кон освојување на бодовите.
Битолчанецот ја оправда дадената минутажа на теренот, имаше два гола од исто толку обиди и подели четири асистенции на неговите колеги.
Тимот на Коњух за ривал во второто коло ја има екипата на Слога Добој, која во првото коло славеше над Слобода Тузла.