Петровски броеше до 11, Металург РА лесно до триумф во Кичево

Ракометарите на Металург РА ја забележаа втората победа во новата сезона од прволигашката конкуренција, откако славеа на гости кај Кичево со 34-28.

Домашните одржуваа рамнотежа до 5-5, а потоа гостите од Автокоманда стигнаа до плус четири, 9-5, и до крајот на паузата ја зголемија разлика, 19-10.

Второто полувреме беше само формалност, па шанса за настап добија сите ракометари од двете екипи.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Петровски со 11 и Кристијан Николовски со шест гола, додека за Кичево, Стефан Стефаноски даде 14 погодоци.

Во следното коло Кичево ќе гостува кај Радовиш, додека Металург РА ќе игра на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров.