Петмина Македонци го направија првиот чекор кон добивањето на највисоката тренерска лиценца – Мастер Коуч.
Поранешните македонски репрезентативци Стојанче Стоилов и Филип Лазаров, како и Бојан Спасовски, Дејан Коцев и Мики Панев ги слушаат предавањата од првиот Модул на шестиот национален Мастер коуч семинар во Србија.
Тие се одвиваат онлајн, додека оние од вториот и третиот модул ќе бидат со физичко присуство следната година. Доколку успешно ги завршат сите модули, ќе можат да го бранат својот труд пред стручна комисија за да ја стекнат Мастер Коуч лиценцата во 2026 година.
Македонското друштво на тренери со Мастер Коуч лиценца е големо – Билјана Црвенкоска, Владимир Глигоров, Раде Стојановиќ, Ице Соколески, Томе Петрески, Зоран Петковски, Никола Матлиески, Кирил Лазаров, Адријано Котевски и уште многу други…