Македонскиот интернационалец Андреј Петковски полека се адаптира во новиот клуб Азоти Пулави, прв за него во странство.
Чуварот на мрежата кој по настапите во Пролет, Голден Арт, Вардар Јуниор…за првпат игра надвор од Македонија имаше добра партија на последниот пријателски меч.
Азоти Пулави го победи составот на Универзитет Варшава со убедливи 44-32, а дел од заслугите одат и на адреса на Петковски.
Тој запиша девет одбрани за едно полувреме на дуелот со Универзитет Варшава и покажа дека тренерот може сериозно да смета на неговите услуги.