Македонскиот чувар на мрежата Андреј Петковски има одличен почеток на првиот интернационален предизвик во полскиот тим Азоти Пулави.
Азоти Пулави се собра пред неколку дена, но веднаш настапи на меморијален турнир во Миелец, иако ракометарите не беа подготвени за големи напори.
На првиот меч Азоти загуби од Пјотрковија со 37-36, а Петковски бранеше едно полувреме и имаше осум интервенции.
На вториот дуел против Гвардија Ополе, Азоти загуби со 34-28. Македонскиот голман бранеше исто така едно полувреме и запре шест удари на противници.
Азоти Пулави беше во голема неизвесност по откажувањето на главниот спонзор и до последен момент „висеше“ настапот во лигата.
Сепак екипата во која покрај Петковски играат Дан Ракоцеа, Криштоф Комаржевски, Дмитро Артеменко…ќе биде дел од најсилната полска конкуренција.