Петковски со одлична партија, но Азоти не стигна до четвртфинале во полскиот Куп

Тимот на Азоти Пулави, каде што брани македонскиот интернационалец Андреј Петковски, беше елиминиран во осминафиналето на Купот на Полска.

Иако беше фаворит, Азоти Пулави загуби на гостувањето кај Сласк Вроцлав со шест гола разлика, 30-24.

Петковски имаше одлична партија и одбрани 12 удари на домашниот тим, но тоа не беше доволно за нешто повеќе на овој натпревар.

Азоти Пулави нема победа од октомври, па го смени тренерот и сега во улога на тренер-играч ќе биде романскиот репрезентативец Дан Ракотеа.