Петковски одличен, Азоти со пресврт до триумф во Полска

Тимот на Азоти Пулави, каде што настапува македонскиот голман Андреј Петковски, ја оствари втората победа оваа сезона.

Во силниот полски шампионат Азоти Пулави славеше минимално на домашен терен против Заглебје со 32-31.

Иако губеше со 30-26 во финишот, Азоти предводен од Петковски кој имаше девет одбрани со 43% успешност успеа да направи комплетен пресврт.

На крајот Азоти со серија од 6-1 прослави триумф и во следното коло ќе го очекува мечот на гости со шампионот Висла Плоцк.