Тимот на Пулави, каде што брани македонскиот интернационалец Андреј Петковски, и покрај неговата одлична партија, не освои бодови на дуелот со Хробри Глогов.
Иако водеше со 18-16 по првиот дел од мечот од 23 коло во полскиот шампионат, сепак на крајот Пулави загуби со 34-32.
Петковски имаше одлична партија и запиша 12 интервенции на оваа средба, а голем дел од нив беа зицери.
Пулави ќе се бори за опстанок во полската елитна конкуренција, а последниот меч од регуларниот дел на лигата го игра на гости кај Легионово.


























