Македонскиот стратег Зоран Петковски имаше победнички старт на косовскиот шампионат со тимот на Феризај.
Неговиот Феризај славеше на гостувањето кај Тереза со 36-33 во првото коло од новата сезона.
Најдобар стрелец во тимот на Петковски беше десниот бек Озган Севданур, екс членката на Чаир со 11 голови.
Во следното коло македонскиот стратег и неговиот клуб ќе играат во градското дерби против Кастриоти.