Петковски го водеше Азоти до осмифиналето на полскиот Куп

Македонскиот интернационалец Андреј Петковски, продолжува да брани во одлична форма во Полска.

Тој беше најзаслужниот за пласманот на Азоти Пулави во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Азоти Пулави славеше со 30-29 во тежок натпревар на гостувањето кај Биала Подласка, а Петковски блескаше на голот.

Македонецот запре 16 удари на противничките ракометари, меѓу кои и последниот удар кој можеше да донесе продолженија.

Ривалот во осминафиналето на Азоти Пулави ќе биде познат дополнително.