Петковска во одлична форма во Италија – запиша 23 одбрани на два меча!

Македонската репрезентативна голманка Драгана Петковска е во одлична форма пред првата ЕХФ недела оваа сезона.

Таа и нејзиниот тим Салерно запишаа две победи во првите две кола од новата сезона во италијанскиот шампионат.

Салерно во првото коло славеше на гости кај Падова со 38-19, додека во втората рунда ја победи Мецокорона со 34-24.

Петковска иако не беше со полна минутажа на двата дуели, успеа да забележи 23 одбрани на противничките удари.

Голманката и нејзиниот тим во третото коло ќе гостуваат кај Падана.