Dragana PETKOVSKA, Sweden vs North Macedonia, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 28.11.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Петковска: Покажавме карактер дека може да се носиме со поголемите на ЕП

Женската репрезентација на Македонија со пораз го заврши настапот на Европското првенство 2024, откако во последното коло од групната фаза загуби од Унгарија со 29:19.

Една од подобрите во репрезентацијата на Македонија беше Драгана Петковска, која натпреварот го заврши со десет интервенции, поголемиот дел од нив беа во ситуација  еден на еден, а имаше и неколку одбранети седмерци.

,,Искрено, можам да кажам дека сум среќна бидејќи одигравме еден добар натпревар, знаеме дека Унгарија е една од подобрите репрезентации. Покажавме карактер дека може да се носиме против поголеми репрезентации, имав мотив и желба, не ни беше многу важен резултатот, важно ни беше да одиграме на ниво, да се подриме една со друга и да покажеме дека можеме да го победиме секого. Секој натпревар бев подготовена, ја чекав својата шанса и денес одбранив како што треба”, изјави Петковска.

Македонија на стартот на ЕП беше поразена од Шведска, потоа во второто коло од ЕП одигра реми против Турција, а со денешниот пораз веќе го заврши настапот на континенталниот собир.

,,Задоволен сум 60%, некои играчи треба да се замислат – овој дрес има тежина”