Петковска е играч на месецот во Брод – запиша 34 одбрани на два меча!

Македонската репрезентативка Драгана Петковска доби големо признание по настапите за хрватскиот тим Брод.

Петковска беше прогласена за „играч на месецот“ во тимот на Брод по одличните партии на голот во месец јануари.

Таа запиша дури 35 одбрани на три натпревари одиграни во јануари, а 34 од нив беа на последните два меча (19 против Замет и 15 против Дуго Село).

Во Брод за пролетниот дел од сезоната на Петковска и се приклучи уште една македонска репрезентативка Ана Марија Коларовска.