По поразот минатото коло, тимот на АЕК Атина, се врати на победничките патеки во шампионатот на јужниот сосед на Македонија.
Двете македонски интернационалки, Драгана Петковска и Марија Николовска, имаа свој удел во триумфот над Мегас Александрос со 23-18.
Петковска беше прогласена за МВП, откако ги откажа гостинските ракометарки со своите одбрани во вториот дел, додека Николовска додаде два гола во победата.
„Натпреварот беше тежок, но иако имавме негатива во првото полувреме, со големо залагање на целата екипа и со моите инзворедни одбрани во вториот дел успеавме да направиме пресврт и да го добиеме натпреварот“, вели Петковска.
АЕК Атина сега има три победи и два порази во првенството, а следниот натпревар ќе биде македонски двобој среде Грција, бидејќи тимот од Атина ќе гостува во Солун кај ПАОК на Александра Боризовска.