Петка за Седлоска против Рудар, Локомотива обезбеди Европа

Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, загуби на домашен терен од составот на Рудар.

Изненадувачки, хрватскиот вицепрвак беше поразен од Рудар со 26-25, со гол постигнат во последните секунди.

Македонската репрезентативка на овој натпревар постигна пет погодоци, но и подели три асистенции до колешките.

Овој пораз сепак нема да влијае на позицијата на Локомотива Загреб, па тимот на Седлоска сигурно ќе го освои вицешампионското место и ќе игра во Лигата на Европа.