Екипата на Ловќен, во која настапува повремениот репрезентативец на Македонија, Бојан Маџовски, со победа го започна настапот во црногорскиот шампионат.
Актуелниот шампион на Црна Гора за ривал го имаше составот на Морнар од Бар и успеа да слави убедливо со 31:22.
Маџовски во дуелот со Морнар беше меѓу најдобрите стрелци, имаше 100% реализација, пет гола од пет обиди, а одигра одлични и во одбраната.
Ист број на погодоци постигна и некогашниот член на Охрид, Филип Кривокапиќ, како и десното крило Алекса Перашиќ.
Клубот од Цетиње пред настапот во Лигата на Европа ќе одигра уште неколку првенствени натпревари.
Маџовски и колегите на 17 октомври ќе гостуваат во Норвешка кај Елверум во натпревар од првото коло од второто по ранг европско клупско натпреварување.