Во чешкиот шампионат беа активни двајца македонски интернационалци – Дејан Кукуловски и Никола Костески.
Брно на Кукуловски загуби на домашен терен од Фридек Мистек со 31-29, а македонскиот лев бек постигна пет гола и беше втор стрелец.
Шампионот Талент Плзен на Костески одигра одличен натпревар и славеше против Копривнице со 32-20, а десното крило имаше четири гола од четири обиди.
Плзен сега има 26 бода на првото место, додека Брно е трет со 22 бода, а следните натпревари ќе ги играат на 16/17 декември.